Поранешниот шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд кој имаше две легендарни пресметки со Мајк Тајсон, од кои во втората во 1997 година остана без дел од увото кое Тајсон му го одгриза, признава дека е подготвен „за два дена“ да се подготви за трет меч со стариот ривал.
58-годишниот Холифилд последен пат боксуваше во 2011 година против Данецот Брајан Нилсен, но по камбекот на Тајсон против Рој Џонс Јуниор минатиот викенд (кој заврши со реми), веднаш почнаа шпекулации за неговиот слеедн противник, со Холифилд како прв фаворит.
„Не влегувам во рингот за помалку од 25 милиони долари. Го победив Тајсон двапати и погрешно е јас да го прашувам него за борба“, вели Холифилд.
Меѓутоа, тој вели дека е подготвен за меч.
„Ако ме повикаат да боксуваме за два дена, ќе бидам таму за два дена“, објаснува Холифилд.