Поранешниот шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд се пофали со ново видео од неговите подготовки за камбек на 57 години, тренирајќи со уште еден поранешен шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, подгревајќи ги надежите на фановите за трет меч со Мајк Тајсон, кој редовно ги известува своите фанови за прогресот во работата.
Во неверојатна „ретро“ атмосфера во тешката категорија, најавата на Тајсон за враќање во рингот за „неколку егзибициски мечеви“, придонесе тој да добие еден куп на понуди (од рагбисти, ММА фајтери, но и поранешни ривали), а тоа најсериозно го сфати Холифилд, човекот кој двапати го победи Тајсон во 1990-тите и остана без дел од увото во вториот меч. Најавите за трет меч Тајсон-Холифилд дури ги фрлија во сенка и актуелните шампиони во тешка категорија, Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, кои чекаат дуели до крајот на годината.
Холифилд е „затворен“ во приватната вежбална со Кличко и со поранешниот шампион во средно-тешка категорија, Антонио Тарвер, и на Твитер објави фасцинантно видео во кое ја покажа брзината, а имаше и огромен ланец околу вратот.
Team Holyfield preparing for battle?#comeback
? @Klitschko ? @AntonioTarver #teamholyfield #boxing #evanderholyfield pic.twitter.com/EFDX6utIWW
— Evander Holyfield (@holyfield) May 21, 2020