Top Sport

Почина поранешниот тренер на Лацио и Интер, Џиџи Симони

Поранешниот тренер на Лацио, Наполи и Интер, Луиџи Симони починал денеска во болница на 81 година. Славниот тренер и поранешен фудбалер бил хоситализиран од 2019 година кога имал мозочен удар.

Џиџи Симони најголемиот успех во кариерата го имаше со Интер, со кого го освои УЕФА купот во 1997/98, а беше тренер и на Наполи, Торино, Џенова и Сиена.

Роден во Кревалкоре на 22 јануари 1939 година, како фудбалер тој играше за Наполи, Торино и Јувентус, пред да почне како тренер во Џенова. Кариерата ја заврши како претседател на тимот на Кремонезе (кој како тренер го врати во Серија А во 1993 година), позиција од која се повлече во 2015 година.

Scroll to Top