Дефанзивецот на Њујорк ајлендерс, Џони Бојчук мораше да добие 90 конци за да се затвори раната на неговиот очен капак откако беше погоден со лизгалката на левото крило на Монтреал канадиенс, Артури Лехконен.
Откако прво застана во болка пред голот на Ајлендерс, Бојчук веднаш излезе од мразот и доби лекарска помош.
„Џони Бојчук е океј, нема оштетување на окото. За среќа лизгалката го погоди само очниот капак. Тој ќе биде океј, само треба да му се отвори окото“, изјави генералниот менаџер на Ајлендерс, Лу Ламориело.
Неверојатно, но ова не е првпат Бојчук да има ваков проблем. Пред една година, тој доби повреда на својот врат по судир со крилото на Торонто мејпл лифс, Мич Марнер.
SCARY!#Isles Johnny Boychuk takes #Habs Artturi Lehkonen’s skate in the face pic.twitter.com/KyViUvgtX3
— Here’s Your Replay ⬇️ (@HeresYourReplay) March 4, 2020