Марин Чилиќ со лесни 7:6(3)/6:3/6:3 го победи Лукас Пуј во Лил за да донесе недостижно 3:1 водство на Хрватска во последното „традиционално“ Дејвис куп финале и по вторпат на „коцкестите“ да им го обезбеди најславниот тимски трофеј во тенисот.
Хрватска водеше со 2:0 по првите два сингл меча во петокот по победите на Чилиќ и Борна Чориќ, пред вчера Французите да останат со надеж за титула по победата во двојки. Меѓутоа, поранешниот шампион од САД опен, Чилиќ не му даде шанси на Пуј, кој беше замена во последен момент за Жереми Шарди, и ја освои „салатарата“.
Ова е втор трофеј за Хрватска во Дејвис купот, откако во 2005 година ја совладаа Словачка во Братислава предводени од Марио Анчиќ и Иван Љубичиќ.
Велиме последно „традиционално“ финале од Дејвис купот, бидејќи од следната година почнува трансформацијата на ова натпреварување под водство на фудбалерот на Барселона, Жерард Пике и со поддршка од Интернационалната тениска федерација (ИТФ), промена со која ќе се игра завршен турнир на повеќе репрезентации во Мадрид, налик на Светско првенство во фудбал. Против оваа промена застанаа многу тенисери, сегашни и поранешни, предводени од освојувачот на 20 гренд слем титули, Роџер Федерер.
Croatia wins a second #DavisCup title!@cilic_marin defeats Lucas Pouille 76(3) 63 63 to clinch a 3-1 victory over France
??1️⃣?3️⃣?? #DavisCupFinal pic.twitter.com/QSjgi6pZyc
— Davis Cup (@DavisCup) November 25, 2018
?? @cilic_marin wins and Croatia are #DavisCup Champions!!!#IdemoHrvatska pic.twitter.com/vjto5CZEkx
— Davis Cup (@DavisCup) November 25, 2018