Top Sport

Хуркач го „спакува“ Циципас во Мајами

Полјакот Хуберт Хуркач го исфрли грчкиот фаворит Стефанос Циципас во четврт-финалето на Мастерсот во Мајами, откако се врати од сет негатива за 2:6/6:3/6:4 победа.

Циципас лесно го освои првиот сет, а започна фуриозно и во вториот, поведувајќи со брејк и со 2:0, пред Хуркач да влезе во ритам, да спаси нови две брејк топки и да поведе со 3:2 во вториот сет, кој потоа го освои лесно. Во одлучувачкиот сет беше неизвесно до петтиот гем, кога Хуркач се врати од 0:40 и поведува со 3:2 за потоа да го комплетира мечот.

Следен за него е подобриот од мечот меѓу Русинот Андреј Рубљов и Американецот Себастијан Корда.

Scroll to Top