Top Sport

И Холифилд работи како „бик“

Иако (засега) не успеа да се договори за меч со својот стар ривал Мајк Тајсон, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд продолжува со подготовките за враќање во боксерскиот ринг на 57 години.

И покрај тоа што Тајсон се реши за меч со Рој Џонс Јуниор, Холифилд има сопствени планови и очигледно се подготвува добро, откако објави фотографија на која трча спринтови на нагорнина. Претходно тој објавуваше видеа на кои работеше со поранешните светски шампиони Владимир Кличко и Антонио Тарвер.

„За да станеш посилен мораш да одиш над своите граници. Тим Холифилд“, напиша Американецот.

Покрај потенцијален трет меч со Тајсон (ако се договорат и ако финансиите се добри), Холифилд веќе беше предизвикан од Ридик Боув.

 

View this post on Instagram

 

In order to get stronger you must be willing to push yourself beyond your limits. #TEAMHOLYFIELD

A post shared by Evander Holyfield (@evanderholyfield) on

 

View this post on Instagram

 

Champions come and go but to be legendary you got to have heart. #TEAMHOLYFIELD @klitschko @anthony.rhoades

A post shared by Evander Holyfield (@evanderholyfield) on

 

View this post on Instagram

 

Surround yourself with greatness. ? @klitschko #TEAMHOLYFIELD

A post shared by Evander Holyfield (@evanderholyfield) on

Scroll to Top