Русија ќе го пропушти и второто Светско првенство во низа, откако Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) одлучи да ја продолжи суспензијата на руската федерација.
ИААФ на четири дена пред стартот на СП во Доха, Катар, потврди дека на руските атлетичари нема да им биде дозволен настап по разгледувањето на последниот извештај на нивната комисија која го надгледува обновувањето на руската федерација. Дел од атлетичарите, кои се дел од странски допинг-системи, ќе можат да настапуваат на СП под неутрално знаме.
Русите беа суспендирани во ноември 2015 година по извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) во кој се тврдеше дека постои систематско допингување. Руските власти го демантираат ова, но прифатија дека дел од главните луѓе на федерацијата добавувале недозволени средства за своите спортисти.