Новак Ѓоковиќ проговори за профилот на идеален тенисер по триумфот против Тим ван Рајховен во осминафиналето на Вимблдон.
Србинот зеде по два елементи од Роџер Федерер и Рафаел Надал, како и од Енди Мареј и Андре Агаси. Своите анализи ги почна од сервисот.
„Високите момци имаат најдобар сервис, почнувајќи од Опелка, Изнер и Карловиќ. Тука е и Ник Кирјос, кој не е супер висок, но има многу ефикасен прв и втор сервис“, изјави Ѓоковиќ.
Србинот би им го презел форхендот на двата најголеми ривали.
„Федерер и Надал имаат најдобри форхенди. Различни, но ефективни на свој начин. Што се однесува до бекхендот и ритернот, изборот паѓа на Мареј, а ако погледнам низ историјата сигурно тука е и Андре Агаси“.
Што се однесува до движењето, Новак го издвои Федерер и уште еден великан на светскиот тенис.
„Бјорн Борг имал неверојатно движење. Не сум играл против него, но така велат сите. Стефан Едберг и Патрик Рафтер ги имаа најдобрите волеј удари“.
Приказната ја заврши со ментална сила и борбеност.
„Можам да кажам дека Ѓоковиќ, но не сакам. Повторно Федерер и Надал“, заклучи Ѓоковиќ.