Бејзбол играчот Брајс Харпер ги сруши сите рекорди во овој спорт откако потпишал договор со Филалделфија вреден 330 милиони долари. Соработката на двете страни ќе трае 13 години, играчот ќе мора да ги добие сите пари бидејќи во договорот не постои никаква излезна клаузула.
Харпер го собори рекордот на Џанкарло Стентон, кој во 2014 година потпиша договор со Мајами вреден 325 милиони долари. Официјално тој е вториот најплатен спортист во светот. Пред него е само боксерот Каналео Алварез (365 милиони долари).
Пред неколку дена Мани Мачадо потпиша 10-годишен договор со Сан Диего „тежок“ 300 милиони долари.
Брајс Харпер има 26 години, а во Филалдлефија игра од 2012 година, претходно бил играч на Вашингтон.