Хабиб Нурмагомедов по победата над Конор Мекгрегор се врати во родниот Дагестан. На стадионот на фудбалскиот клуб „Анжи“ во Махачкала, непоразениот шампион во УФЦ го пречекаа илјадници Дагестанци.
Нурмагомедов во професионалната кариера во УФЦ има 27 победи и ниту еден пораз. Пред сонародниците го покажа шампионскиот појас, но би можел да остане без него, бидејќи Дана Вајт најавил ригорозни санкции за Хабиб кој го предизвика големиот инцидент по завршувањето на мечот со Мекгрегор.
Нурмагомедов откако го победи својот противник во кафезот, тргна да се пресмета со тимот на Мегрегор. Поради овој инцидент Вајт најавил дека ќе биде разгледана можноста на Нурмагомедов да му биде одземен појасот.
Во своето обраќање пред сонародниците, тој се извинил за инцидентот што го предизвикал.
„Се надевам дека не ве повредив со она што го сторив после борбата. Се обидов да се воздржам, но не успеав“, рекол Хабиб, а потоа предизвикал вистински делириум кога на насобраните им го покажал појасот.
#Khabib Nurmagomedov fans invade the pitch at local football stadium in #Dagestan to get closer to their hero #UFC229 pic.twitter.com/JvhGsFH96Y
— Denis Geyko (@DenisGeykoMMA) October 8, 2018
#Khabib Nurmagomedov fans gathered at local football stadium in #Dagestan to meet #UFC lightweight champion #UFC229 pic.twitter.com/tLJ2i6r5f7
— Denis Geyko (@DenisGeykoMMA) October 8, 2018