Јужноафриканката Кастер Семенја постави нов национален рекорд на 1.500 метри, стигнувајќи до убедлива победа на првиот митинг од Дијамантската лига на ИААФ во Доха, Катар.
Семенја, која во април ја освои и титулата на Игрите на Комонвелтот, постави време од 1:59.92 во недела во која беше главна тема поради новите правила околу нивото на тестостерон во женското натпреварување на ИААФ. 27-годишната Јужноафриканка е двократна олимписка шампионка на 800 метри.
„Не сакам да зборувам за глупости“, изјави Семенја кога беше запрашана за правилата.
Одличен старт на Дијамантската лига имаше и хрватската олимписка шампионка, Сандра Перковиќ, која победи во фрлањето диск со одлични 71.38, само три сантиметри од нејзиниот личен рекорд.
Во новото, скратено натпреварување во три серии, Хрватката покажа дека е подготвена за успешна сезона, победувајќи ги Кубанките, Јаиме Перез (66.82) и Денија Кабалјеро (63.80).
How it feels to throw 71.38m at DL Doha! Congrats to Sandra Perkovic ? pic.twitter.com/oVIA8ONRim
— Throws Chat (@ThrowsChat) May 4, 2018
Во другите дисциплини, Исак Маквала од Боцвана доживеа пораз во трката на 400 метри, откако Стивен Гардинер од Бахамите триумфираше со 43.87. Јамајчанската олимписка шампионка на 100 метри, Илејн Томас победи со време од 10.93, најдобро оваа сезона.
Оваа година, Дијамантската лига има 14 митинзи, со кулминација во Брисел во август во година во која нема големи натпреварувања (ниту СП, ниту Олимпијада).