Инциденти почнаа редовно да се случуваат и на одбојкарските терени во Македонија. Најновиот се случи во Велес, по завршување на натпреварот меѓу Борец и Шкендија (3:2) кога домашните навивачи се тепаа со гостинските одбојкари.
Во салата едвај и да имаше гледачи, но и тие успеаја да направат инцидент. Фановите и одбојкарите на Шкендија се гаѓаа со столчиња, шишиња и други тврди предмети.
Шкендија објави соопштение на социјалните мрежи со кое извести дека одбојкарите и членови на стручниот штаб давале исказ во полиција.
Видео: Тетовски спорт