Top Sport

Инстаграм и го блокирал профилот на најбрзата жена во светот

И најбрзата жена во светот не може да излезе на крај со сосптвениците на телевизиските права за Олимписките игри во Токио.

Спринтерката од Јамајка, Илејн Томпсон, тврди дека и бил блокиран профилот на „Инстаграм“, бидејќи објавила видеа од победничките трките во Токио на 100 и 200 метри.

Томпсон, успеа да ги одбрани најсјаните медали кои ги освои во Рио де Жанеиро пред пет години.

Сакала тој успех да го подели со своите 310.000 следбеници на полуларната социјална мрежа, но видета и биле блокирани.

„Блокирана сум од „Инстаграм“, бидејќи немав право да поделам снимки од две трки. Се гледаме за два дена“, напишала, Илејн Томпсон на „Твитер“.

Scroll to Top