Во Белград вечерва се испишува нова историја во светската атлетика бидејќи Арманд Дуплантис го собори светскиот рекорд во скок со стап. Шведскиот атлетичар прескокна височина од 6,19 метри и со тоа го надмина сопствениот резултат, најдобар на сите времиња. Тоа го направи во третата серија со помош на поддршката од публиката во белградската „Старк арена“.
Дуплантис прво прескокна 5,61 метри, а потоа и 5,85 метри. Потоа летвичката беше подигната на точно 6,00 метри и тој лесно ја прескокна, а во договор со тренерот реши веднаш да го нападне светскиот рекорд.
Во последниот скок ја доби поддршката од публиката и успеа да испише историја.
Armand Duplantis oborio svetski rekord u Beogradu!
U trećem pokušaju preskočio je visinu od 6,19 metara! ?? pic.twitter.com/6q0zI0Dp8A
— B92 Sport (@b92sport) March 7, 2022