Aртем Долгопјат го донесе само второто злато во историјата на Израел, откако успеа да триумфира во гимнастика, дисицплина партер, победувајќи го Шпанецот Рајдерлеј Мигуел Запата и Кинезот Ксиао Руотенг.
24-годишниот Долгопјат, кој е двократен освојувач на сребро на Светските првенства, е роден во Украина и имигрираше во Израел на 12 годишна возраст и беше сметан за најголема надеж на Израелците за злато. Главниот фаворит за златото, Русинот Никита Нагорниј, направи голема грешка и падна во својата програма, оставајќи ја борбата за златото отворена, и Долгопјат ја освои титулата со само 0.100 поени предност пред Запата.
Историја имаше и во женскиот прескок, каде што Бразилката Ребека Андраде по среброто во повеќебојот го освои првото злато за јужноамериканската држава во гимнастика. Андраде имаше два одлични скока за 15.083 поени, пред Американката Мајкајла Скинер, која беше замена за актуелната шампионка Симон Долгопјат.
Во коњ со рачки, пак, немаше изненадување – актуелниот шампион, Британецот Макс Витлок со компликувана рутина стигна до златото со 15.583, пред Тајванецот Чих Каи Ли (15.400) и Јапонецот Казума Каја Кохеи.