Женската одбојкарска репрезентација на Србија се пласира во полу-финалето на олимпискиот турнир во Токио. Србинките, во реприза на финалето на последното Светско првенство, ја декласираа Италија со 3:0 (25:21, 25:14, 25:21).
Србија во ниту еден момент не им пружи можност на Италијанските да направат нешто повеќе. Првиот сет беше израмнет до 18:18, потоа Србија, освои четири поени по ред и го заклучи сетот.
Вториот мина во апсолутна доминација на Србинките, на крајот сетот го добија со 11 поени.
Најголема неизвесност имаше во третиот сет, во кој Италија водеше и со четири поени, на то Србија одговори со серија 10:2 за конечна победа.
Тијана Бошковиќ беше најефикасна со 22 поени.
Србија во полу-финаето, исто како и пред пет години во Рио де Жанеро, ќе играат против САД.