Top Sport

Италија по повеќе од две децении пак е светски одбојкарски првак

Одбојкарската репрезентација на Италија е новиот светски шампион. Во финалето на Светското првенство Италијанците го совладаа домаќинот Полска со 3:1 во сетови (22:25, 25:21, 25:18, 25:20).

За Италија ова е четврта титула светски шампион, по трите во низа во 1990-тите (1990, 1994, 1998). Фантастичен меч во финалето одигра италијанскиот капитен и техничар Симоне Џанели.

Полјаците стартуваше добро, го освои првиот сет, но влезе во „црна дупка“ во вториот при водство од 20:18. Италијанците освоија седум поени по ред за израмнување во сетови, а потоа и многу полесно ги комплетираа следните два сета, дрејжи го истиот ритам.

Бронзениот медал им припадна на Бразилците, кои во мечот за третото место ја совладаа Словенија со 3:1 во сетови (25:18, 25:18, 22:25, 25:18).

Scroll to Top