Top Sport

Италијанците со „неприкладна“ ждрепка за „Некст џен“ финалето

Од утре почнува најновиот проект на АТП, „Некст џен“ финалето во Милано, каде што ќе се судрат најдобрите осум тенисери под 21 година. Сепак, начинот на кој Италијанците ја организираа ждрепката предизвика многу критики.

Во неделата навечер, ждрепката вклучуваше два модели кои одат по модна писта (Милано, нормално), носејќи ги буквите А и Б, заедно со двајцата први носители, Русите Андреј Рублев и Карен Хачанов.

Потоа, следните носители добија шанса да изберат еден од двата модели, кои ќе ги предводат преку модната писта, пред заводнички да ја откријат буквата за одредување на групата која беше скриена некаде на нивните тела.

„Некст џен“ финалето покрај тоа што ги собра најталентираните малди тенисери, ќе експериментира со неколку формати на игра. Турнирот е ко-организиран од АТП, Италијанскиот олимписки комитет и Италијанската тениска федерација.

Scroll to Top