Top Sport

Италијанска доминација во Банско

Италијанката Елена Кутрони победи на спуст трката која се возеше во Банско, Бугарија. За Кутрони ова е прва победа во кариерата, во Светскиот куп.

28 годишната Кутрони во кариерата три пати била на подиумот, последен пат во Кран монтана во 2017 година. До првата победа таа стигна со време 1:29.31 минута. На второто место со само една стоинка послабо време се пласира нејзината сонародничка Марта Басино.

Совршениот ден на Италијанските во спуст трката го надополни Федерика Брињоне која со 14 стотинки задоцнување го освои третото место.

Зад Италијанките на четвртото место трката ја заврши победничката од вчерашниот спуст Американката Михаела Шифрин.

Утре во Банско на програмата е трката во супер-велеслалом.

Scroll to Top