Top Sport

Максимални победи на Медведев и Зверев

Четвртиот и седмиот носител на првиот гренд-слем во сезоната Австралија опен, Данил Медведев и Александар Зверев се пласираа во осмина-финалето.

Медведев со максимален резултат (6/4, 6/3, 6/2) го надигра Австралиецот Алексеј Попирин. Русинот направи пет брејка во целиот меч, а ниту еднаш не го загуби својот сервис.

Медведев во наредната рунда ќе игра против Стен Вавринка, на кого Џон Изнер му го предаде мечот.

Пласман во осмина-финалето во три сета избори и Зверев. Германецот го победи Фернандо Вердаско од Шпанија (6/2, 6/2, 6/4). Зверев во првите три меча не загуби ниту еден сет што е негов најдобар резултат на турнирите од гренд-слем серијата.

Во осмина-финалето Зверев ќе игра против Андреј Рубљов.

Scroll to Top