Top Sport

Италијанска тенисерка фалсификувала сертификат за вакцина?

Италијанската тенисерка Камила Џорџи ги фалсификувала сертификатите за вакцинација против Ковид-19 што и биле потребни за учество на некои турнири во текот на годината.
Утврдено е дека оваа потврда ја добила од лекар кој се противи на вакцинацијата и е антиваксер.

Полицијата во Виченца ја доставила целата потребна документација до Тениската федерација на Италија и ќе биде спроведена детална истрага. Доколку се докаже престапот, тогаш Камила Џорџи ја очекува драстична казна.

Камила Џорџи моментно се наоѓа на 67. позиција на ВТА листата, а своевремено беше и на 26. место.

Таа во својата кариера освои три ВТА титули. Засега ниту една од надлежните тениски организации не објави ништо за овој случај, го чекаат расплетот од Италија.

Scroll to Top