Истражителите на Антидопинг агенцијата на Италија разговарале со двократниот светски првак Филипо Мањини и неговиот колега од штафетата Микеле Сантучи. Двајцата биле испитани по поод нивните врски со нутриционисот кој е под истрага за наводна дистрибуција на недозволени супстанци.
Мањини е ослободен од обвиненијата во врска со овој случај, но неофицијално италијанската антидопинг агенција има докази за невообичаени состаноци, телефонски разговори и исплати на пари на овој пливач и нутриционистот.
Освојувачот на златните медали на 100 метри слободно во 2005 и 2007 година Мањини тврди дека никогаш во кариерата не бил позитивен на допинг и дека никогаш не користел недозволени сретства.
Тој во текот на кариерата беше жесток критичар на оние кои коирстат недозволени сретства и беше дел од иницијативата „Јас не користам допинг“.
Сантучи во штафетата 4×100 метри заедно со Мањини освои бронза на Мундијалот во 2015 година.
Нутриционистот Гидо Порцелни претходно бил осуден во два други случаи, за трговија со кокаин и за семејсно насилство.