Тенискиот судија Карлос Рамос се однесувал „професионално и со интегритет“ во контроверзното женско финале на САД опен помеѓу Серена Вилијамс и Наоми Осака, кое падна во сенка на конфликтот на Вилијамс со Рамос, тврди Интернационалната тениска федерација (ИТФ).
Рамос прво и додели на поранешната светска тенисерка еден прекршок за добивање на тренерски совети од Патрик Муратоглу, лутејќи ја Вилијамс, кој му велеше дека не мамела. Кога губеше во вториот сет, таа доби казна поради кршење на рекет, по што го нарече судијата лажго и крадец и тој и скрати еден гем. По ова, Вилијамс бараше да се види со главниот судија на турнирот и посочуваше дека се работи за сексизам.
ВТА турнејата застана зад Вилијамс, која загуби со 6:2/6:4 од Осака, и посочи на „различните стандарди“ меѓу машкиот и женскиот тенис, додека САД опен ја казни Вилијамс со 17.000 долари. ИТФ пак, смета поинаку.
„Карлос Рамос е еден од најискусните и најпочитуваните судии во тенисот. Неговите одлуки беа во согласност со правилата и тоа беше потврдено со одлуката на САД опен да ја казни Серена Вилијамс. Разбирливо е ваков инцидент да предизвика дебата, но во исто време треба да се потсетиме дека г-дин Рамос ги почитуваше сите правила и се однесуваше со професионализам и интегритет“, се вели во соопштението на ИТФ.