Top Sport

Иванишевиќ: Се надевам дека ќе сум тука кога Ѓоковиќ ќе стане најголемиот

Горан Иванишевиќ неодамна доби потврда дека ќе стане нов член на Интернационалната куќа на славните во тенисот, но вели дека повеќе го радува фантастичната игра на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен, каде што повторно соработува со српскиот тенисер.

„Жал ми е само што се повреди лани на САД опен, по што немаше најдобар крај на сезоната. За среќа тука беше АТП купот и освоената титула да му ја крене мотивацијата. Да, му помогнав да има посилен сервис, иако не му ја менував техниката. Тој, конечно, почувствува дека има доволно сила за втор сервис од 180-190 км/ч и веќе не греши. Се надевам дека ќе продолжи така“, вели Хрватот во интервју за „Спорт клуб“.

Тој останува на мислењето дека српскиот тенисер е најдобриот на светот.

„Новак може да игра уште колку ќе посака. Надал има проблем со физичката подготвеност, а Федерер игра лесно и затоа толку трае. Се надевам дека Новак ќе игра што е можно подолго и за две три години да ги сруши сите рекорди. Се надевам дека ќе бидам покрај него кога ќе стане најголемиот во историјата“, вели Иванишевиќ.

Scroll to Top