Top Sport

Светското првенство во атлетика во сала во Кина одложено за 2021 година

ИААФ потврди дека Светското првенство во атлетика во сала во Нанџинг, Кина е одложено за 2021 година поради епидемијата со корона вирусот во оваа земја.

„Со жалење потврдуваме дека во согласност со организаторите на Светското првенство во сала во Нанџинг од 13 до 15 март 2020, одлучивме да го одложиме турнирот за март 2021 година. Знаеме дека Кина прави сè што е возможно да се бори против вирусот, но потребно е нашите спортисти и федерации да се безбедни и сигурни“, се вели во соопштението на ИААФ.

 

Scroll to Top