Top Sport

Иванишевиќ: Сега е лесно да си паметен, некој лови политички поени на нас

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ во гостување на хрватската телевизија „РТЛ“ зборуваше за фијаското со „Адрија турнејата“ и позитивните тестови на корона вирус на Новак Ѓоковиќ, Григор Димитров, Виктор Троицки и Борна Чориќ, велејќи дека некој сега сака да лови политички поени на нив.

„Се слушнав со Новак и не му е лесно. Добро се носи со ситуацијата и знам дека е силен и ќе изддржи сè. Зошто не се тестираше во Хрватска? Бидејќи тогаш ни кажаа дека секој може да се тестира во матичната земја и тој реши да замине во Белград. Пред доаѓањето не се тестираа бидејќи немаше потреба. Така советуваше и министерот за здравство Берош, никој немаше симптоми“, објаснува Иванишевиќ.

Тој додава дека се чувствува одговорен за ситуацијата, но додава дека му пречи што се прави атмосфера дека тие се единствени виновници.

„Секако, чувствуваме одговорност, бидејќи ова беше една голема супер работа. Жал ми е за сите заразени, но на некои работи не можеш да влијаеш. Криво ми е што сега ние сме главни виновници и сите собираат политички поени на нас, а во Задар има најмалку заразени. Јас се тестирав во средата и во понеделникот и двата теста беа негативни. Сега е лесно да се правиш паметен“, додава Иванишевиќ.

Scroll to Top