Иако нема да биде со него во Париз, тренерот на Новак Ѓоковиќ, легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ смета дека Рафаел Надал нема никаква шанса денеска да стигне до својата 13-та титула од Ролан Гарос, бидејќи Србинот е „непобедлив“.
„Го гледавме Надал во Париз и работите се исти како и секогаш, но не така… Ова се совршени услови за Новак. Надал можеби ги доби тие што требаше да ги добие, но нема шанса во вакви есенски услови со Новак, кој веќе ментално го победи. Можеби одам предалеку, но нема сомнеж кој е фаворит во мечот“, вели Иванишевиќ.
Ѓоковиќ е еден од двајцата тенисери покрај Робин Содерлинг, кој успеал да го победи Надал на Ролан Гарос, а во последните 18 мечеви со Надал има дури 14 победи. Иванишевиќ не е во Париз, бидејќи турнирот Србинот го одработува со вториот тренер, Маријан Вајда.
„Така беше договорено на почетокот на годината – јас требаше да бидам на Вимблдон и САД опен, а Вајда во Австралија и Париз“, вели Иванишевиќ.