Македонскиот тениски талент, Калин Ивановски продолжува со одличните игри на Европската јуниорска турнеја, откако триумфираше на Југенд купот во Ренинген, негов втор трофеј од категорија 1 за две недели.
Во У-14 категоријата, Ивановски во финалето на турнирот со 6:2/6:1 го победи Хрватот Мили Пољичак за слатка одмазда, бидејќи токму тој го победи во полуфиналето на Европското првенство за тенисери под 14 години минатиот месец.
14-годишниот Ивановски, инаку дел од академијата на Питер Муратоглу, минатата недела стигна до првата титула од категорија 1 во холандскиот Хаселт, а сега има четири јуниорски титули оваа сезона.
Момче со блескава иднина, тоа е сигурно.