Top Sport

Ивановски со нов национален рекорд стана балкански шампион во полумаратон

Дарио Ивановски триумфираше на Балканското првенство во полумаратон во Тирана, Албанија, поставувајќи време од 1:04.65, што претставува нов македонски рекорд.

Ова е најголем успех во кариерата на 24-годишниот Ивановски, кој претходно триумфираше на полумаратоните во Скопје и Белград во 2017, и четврто место на Балканскот шампионат во 2018 година. Минатата година тој го урна македонскиот рекорд на 5.000 метри.

Scroll to Top