Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски не успеа да влезе во четврт-финалето на вториот турнир во Куршумлијска Бања, Србија, откако загуби во три сета со 4:6/6:1/3:6 од Белорусинот Микалај Халијак, кој е речиси 400 места подолу од него на АТП листата.
Ивановски, кој минатата недела ја освои титулата во двојки и загуби во финалето на првиот турнир во Србија, е на 459. место на АТП листата, додека Халијак е дури на 835. место.