Американецот Џон Изнер ја поздравил одлуката на организаторите на гренд-слемот во Вимблдон, од наредната сезона, да воведат тај-брејк во петтиот сет.
Организаторот на вакво нешто се реши за да ги избегне маратонските мечеви, како што беше оној помеѓу Изнер и Никола Мау чии петти сет заврши 70:68. Разликата помеѓу Вимблдон и останатите турнири ќе биде таа што на овој гренд-слем тај-брејкот ќе се игра доколку резултатот во петтиот сет биде 12:12.
„Сметам дека тај-брејк на 12:12 е добар избор. Ќе бидат задоволни и луѓето што сакаат да гледаат тај-брејк и оние што сакаат победникот да биде решен на разлика. Тоа е против традицијата, но има и многу што мислат дека ова е добро. Кога ќе се случи еден таков меч треба да кажат дека сега се применува ‘правилото на Изнер’. Сепак сметам дека тоа нема да се случи, но мислам дека поради мене го донесоа правилот“, рекол Американецот кој е актер на двата најдолги меча во историјата на Вимблдон.
Изнер, во 2010 година, против Мау играше тенис 11 часа и пет минути, а оваа година во полуфиналето против Кевин Андерсон на теренот мина шест часа и 36 минути. Андерсон петтиот сет го доби со 26:24.