Педи Пимблет, новакот во УФЦ серијата кој беше на насловните страници пред својот прв меч како еден од највозбудливите млади фајтери, доби бонус од 50.000 долари за своето совршено деби на УФЦ Вегас.
26-годишниот фајтер од Ливерпул, пред мечот го нарече Нурмагомедов „Карен во ММА борбите“, ги навреди сите грузиски фајтери и сметаше дека Мекгрегор е човек „без репутација“. Во кафезот, тој уште во првата рунда го уништи Луиџи Вендрамини, покажувајќи дека најавите дека е највозбудливиот фајтер во рингот во последните години.
„Што ви кажав? Јас сум скаузер (човек од Ливерпул н.з.). Никој не ме нокаутира. Тука сум да ја преземам УФЦ. Јас сум тој што ќе направи многу пари. Новиот човек, сега сите ќе сакаат да се борат со мене“, изјави Пимблет.
Paddy Pimblett. What a debut. #UFCVegas36 pic.twitter.com/ofm8yxyhsD
— Hamez (@HamezMMA) September 4, 2021