Top Sport

Циципас по испаѓањето „удри“ по Зверев: Тоа го покажува неговото ниво

Една од најбизарните приказни од САД опен оваа година беа критиките кон Стефанос Циципас и неговите предолги паузи за тоалет, кои според ривалите не само што го нарушуваат ритамот на игра, туку постојат сомнежи дека и добива тренерски совети од својот татко и тренер.

Иако овие критики добија на сила на терените на Флешинг Медоуз кога за тоа го обвини Енди Мареј во првото коло, уште пред две недели на Мастерсот во Синсинати, Александер Зверев го обвини Циципас дека ги прекршува правилата.

Циципас вели дека не бара сите да го сакаат, но и дека обвинувањата го покажуваат лицето на тие тенисери.

„Видете, не се преправам дека сите ме сакаат. Секој нека си го избере омилениот тенисер. Луѓето не знаат како е и тие кои не се во спортот лесно критикуваат. Сите обвинувања се целосно лажни. Тоа што се случи во Синсинати беше едно од најглупавите работи кои можеа да се случат. Не знам што да му кажам на Зверев. Мислам, целиот тој инцидент го покажува нивото на човекот кој обвинува“, изјави Циципас.

Зверев, откако влезе во четвртото коло, повторно се осврна на Циципас.

„Јас не бев првиот кој го обвинив за тоа, можеби бев првото позвучно име. Крајиновиќ го мислеше истото во Хамбург, некој и претходно. Не се работи за тоа колку пати тој оди во тоалет и јас го правам тоа. Но, се вратив за минута и пол. Таа пауза е тука поради тоа, правило од 1980-тите. Не сакам да зборувам лошо за Циципас, но не ми се допаѓа тоа што се случува. Некои работи мора да се сменат“, изјави Зверев.

Мареј за Циципас: Повеќе не го почитувам

 

Зверев лут на Циципас – оди во тоалет и ги зема телефонот!

Scroll to Top