Холандскиот велосипедист на тимот Квик-Степ, Фабио Јакобсен се чувствува „многу благодарен“ што е жив по хорор-судирот на првата етапа на Трката околу Полска по кој заврши во медицински индуцирана кома.
23-годишниот Јакобсен беше истуркан во рекламните таблоа пред финишот од неговиот сонародник Дилан Греневеген (Џамбо-Висма), кој доби суспензија за потегот. Докторот на трката, Барбара Јершина изјави дека неговиот живот бил во опасност, а сега две недели подоцна, Јакобсен се заблагодари на полските лекари и посочи дека полека гледа кон иднината.
„Поминаа две недели од мојот судир во Полска. Лекарите во Катовице ми го спасија животот и за тоа ќе сум им вечно благодарен. Поминав една недела во интензивна нега во болницата ’Св.Барбара’ во Сосновиец и тие ми дадоа шанса да живеам. Тоа беше за мене многу мрачен и тежок период и се плашев дека нема да преживеам. Организаторите на трката и мојот тим обезбедија семејството да биде до мене и тоа ми даде сила. Сега сум дома и продолжувам со опоравувањето, и треба да мирувам неколку месеци поради сериозниот потрес на мозокот, а ќе одам и на повеќе операции на лицето. Благодарен сум што сум уште жив. Сега, можам да размислувам за иднината“, вели Јакобсен.
Греневеген е велосипедски „кретен“ – и тоа не му е првпат! (видео)