Top Sport

Јан се лути на човекот кој му ја зеде титулата: Гледам „шампионот“ сега е добро

Рускиот УФЦ фајтер, Петр Јан влезе во напад на човекот кој му ја зеде УФЦ титулата во бантам категорија на УФЦ 259 во саботата, Алџамајн Стерлинг, потсмевајќи се со „чудесното опоравување“ на фајтерот кој беше во толку болки откако нелегално со колено го удри за да го заврши мечот.

И покрај тоа што губеше на поени, Американецот со јамајчанско потекло, стана УФЦ шампион откако не можеше да продолжи по нелегалниот удар со коленото од Јан во четвртата рунда. Иако веднаш по мечот тој велеше дека така не сака да ја освои титулата, потоа тој прославуваше со своите тренинг партнери Мераб Двалишвили и Ал Јакинта.

„Убаво е да се види дека шампионот сега е во ред“, напиша Јан на социјалните мрежи.

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт најави дека Стерлинг и Јан ќе имаат римеч што е можно побргу за да се стави крај на приказната.

УФЦ: Петр Јан дисквалификуван по бруталното колено, Махачев победи со Хабиб во аголот

Scroll to Top