Поранешниот шампион од Тур де Франс, Јан Улрих е примен во психијатриска клиника откако во петокот беше уапсен поради напад на проститутка во Франкфурт.
44-годишниот контроверзен велосипедист беше пуштен на кауција по апсењето, по што веднаш бил примен на психијатриско лекување.
„Јан Улрих беше примен во психијатриска болница во петокот навечер, каде што специјалистите ќе ја утврдат неговата состојба. Поради менталната и физичката состојба, немаше друг избор за полицијата“, вели портпаролот на полицијата во Франкфурт.
Ова доаѓа откако минатата недела Улрих се закануваше на соседите во Мајорка, Шпанија, по што се врати во Германија каде што наводно побара помош за проблемите со алкохолот и дрогата.
Во 2014 година, Улрих повреди две лица во сообраќајна несреќа во Швајцарија, по што беше осуден условно за возење под дејство на алкохол.
Продолжуваат лудориите на Јан Улрих – нападнал проститутка во Франкфурт