Норвежанецот Кјетил Јансурд ја освои титулата во спуст на Светското првенство во Оре, Шведска. Успехот на Норвежаните го надополни ветеранот Аксел Лунд Свиндал кој трката ја заврши на второто место.
Јансурд до првиот златен медал на светските првенства дојде со резултат 1.19.98 минути. Неговиот сонародник Свондал на втората позиција задоцни за само две стотинки. Инаку Свиндал во Оре ја возеше последната трка во кариерата.
Третото место му припадна на Австриецот Винсент Кирхмаер. Во целта тој имаше за 33 стотинки послаб резултат од Јансурд.
Пласман меѓу најдобрите петмина изборија уште Беат Фојц од Швајцарија и Матијас Маер од Австрија.