Top Sport

Јапонец пред петмина Норвежани победи во Клигентал

Скокалницата во германски Клигентал влезе во аналите на ско-скоковите. Прв пат во 100-годишната историја се случи меѓу првите шест, петмина да бидат од една држава.

Подвигот го направија Норвежаните. Интересно е што не победи ниту еден од нив.

Победата во Клигентал, со скоковите од 129,5 и 139 метри му припадна на Јапонецот Рју Кобајаши. На победничкиот пиедестал до него се најдоа Даниел Андре Танде и Маријус Линдвик.

Од четвртото до шестото место се пласираа Роберт Јохансон, Халвор Егнер Гранеруд и Јохан Андре Форганг.

Scroll to Top