Во воведната сезона на Светската тениска лига, од четирите екипи учеснички, најдобри беа „Јастребите“ во состав: Елена Рибакина, Анастасија Пављученкова, Доминик Тим и Александар Зверев.
Во финалето „Јастребите“ беа подобри од „Змејовите“ за кои настапија: Ига Швјонтек, Санија Мирза, Ежени Бушар, Феликс Оже-Алијасим и Холгер Руне, кои по систем на бодови, специјално прилагодени за овој турнир, го добија финалето со резултат 37:25.
На турнирот учествуваа и „Орлите“ и „Соколите“, кои не одиграа на очекуваното ниво, па „Соколите“ на Ѓоковиќ го завршија натпреварувањето во групната фаза.
Во првиот меч од финалето Елена Рибакина направи изненадување и со убедлив резултат ја совлада Ига Швјонтек со 6:3, 6:1. Потоа израмни Оѓе-Алијасим, откако во два сета го совлада Саша Зверев.
Конечно во мешани двојки победија Анстасија Пављученкова и Доминик Тим во два сета против Саниа Мирза и Холгер Руне, со што им ја донесоа севкупната победа на „Јастребите“ и на најдобар можен начин им се реваншираа за поразот во групната фаза.
Ова беше добар начин за најдобрите тенисери да се подготват за она што ги очекува во Австралија, а тоа е почеток на новата сезона.