Британецот Сајмон Јејтс се зацврсти во водство на Вуелта Еспања, по 16. етапа на Вуелта Еспања, трката на хронометар од 32 километри, на која убедлив беше австралискиот фаворит Роан Денис.
Денис на етапата во Кантабрија постави време од 37:57 за негова втора етапна победа на трката со неверојатна предност од 50 секунди пред колегата од БМЦ рејсинг, Американецот Џои Роскоф и Шпанецот Јонатан Кастровиехо (Скај). Холанѓанецот Стивен Крајсвајк (Лото-Џамбо) и Полјакот Михал Квјатковски (Тим Скај) го комплетираа топ 10.
Крајсвајк со ова време го прескокна Наиро Квинтана (Мовистар) и Мигуел Анхел Лопез (Астана) на трето место во генерален пласман со 52 секунди заостанување зад Јејтс (Мичелтон-Скот). Јејтс беше за 1:28 секунди поспор од Денис, но седум секунди пред најблискиот ривал Алехандро Валверде (Мовистар), кој сега заостанува 33 секунди.
Another time trial win for Rohan Dennis ⏱
Simon Yates stays in red ?What a day at #LaVuelta18 pic.twitter.com/2x4C1CE4Eq
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) September 11, 2018
? El Bolao #LaVuelta18
+info ➡ https://t.co/8awrzaOJw1 pic.twitter.com/AHjEGVPiH2
— La Vuelta (@lavuelta) September 11, 2018