Top Sport

Јохансон до победа во Лахти, Гранеруд падна при поставувањето на рекордот на скокалницата

Норвешкиот ветеран Роберт Јохансон триумфираше на натпреварувањата во Ски скокови во финскиот Лахти собирајќи 265.9 поени со скоковите од 128.5 и 126.5 метри, победувајќи го Германецот Маркус Ајзенбихлер за 1.7 поени, додека трет беше уште еден германец Карл Гајгер со 264 поени.

Сепак, приказната на денот е младиот сонародник на Јохансон и лидер во генерален пласман, Халвор Гранеруд. Тој беше убедливо прв по првата серија со скок од 132.5 метри и ќе победеше и со потпросечен скок, но тој се обиде да стигне до рекордот на скокалницата и стигна до 137.5 метри, но падна при доскокот. На крајот тој заврши како четврти.

Гранеруд е убедливо прв во генерален пласман со 1.006 поени пред Ајзенбихлер (796) и победникот на „4 скокалници“, Полјакот Камил Стох (661).

 

Scroll to Top