Американката Бетани Матек Сендс и Британецот Џејми Мареј ја освоија титулата на ју-Ес Опен во мешани двојки.
Американски-британската комбинација прв пат настапи заедно на овој гренд слем, а во финалето славеа над Алисија Росоколска од Полска и Никола Мектиќ од Хрватска со 2:6, 6:3, 11:9.
Џејми Мареј успеа да ја одбрани титулата која ја освои лани, кога партнерка му беше Мартина Хингинс. Британецот во Њујорк ја освои шестата гренд слем титула во кариерата.
Од друга страна, Матек Сендс осми пат се редуваше на гренд слем трофеј.