Top Sport

Ју-Ес опен може да се одржи само во Њујорк

Ју-Ес опен нема да ја менува локацијата, доколку се одржи оваа година турнирот ќе се игра во Њујорк, соопшти портпаролот на Тениската асоцијација на САД, Крис Видмаер.

Изминатите недели медиумите пишуваа дека постои можност организаторите на последниот гренд слем во сезоната да го преместат турнирот од Њујорк. Медиумите шпекулираа со Индијан Велс.

„Јасно е дека постојат многу шпекулации околу организацијата и планирањето за наредниот Ју-Ес опен. Сакаме да објавиме дека ги разгледуваме сите можности за да го одржиме турнирот. Негово откажување или менување на локацијата не се опции кои се разгледуваат. Конечната одлука околу судбината на Ју-Ес опен ќе биде донесена во втората половина од јуни“, рекол Видмаер.

Според календарот Ју-Ес опен треба да се одржи од 31 август до 13 септември.

Scroll to Top