Австралиецот Кејлеб Јуен е победник на 11 етапа на Тур д’Франс. За возачот на Лото Судал ова е прва етапна победа на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот.
„За ова сонував уште како дете. Навистина го остварив својот сон“, рекол 25 годишниот јуен.
Етапата долга 167 километри од Алби до Тулуз Јуен ја доби во спринтерскиот финиш. Тој успеа да влезе прв во целта пред фаворизираниот Дилан Греневеген, додека третото место му припадна на Елија Вивијани.
Жолатат маичка остана кај Жулијан Алафилип.