Роџер Федерер потврди дека планира да настапи на Олимписките игри во Токио следната година како дел од напорниот летен распоред и покрај неговите 38 години.
Швајцарецот веќе има две олимписки медали во кариерата – злато во двојки со Стен Вавринка во 2008 и сребро во Лондон во 2012 во сингл конкуренција, кога загуби од Шкотланѓанецот Енди Мареј. Токму недостатокот на злато во сингл може да се смета за еден голем тениски трофеј кој му недостасува во кариерата.
„Разговарам со мојот тим неколку недели, што да правиме следното лето по Вимблдон и моето срце повторно одлучи дека би сакал да играм на Олимписките игри. Двапати го носев швајцарското знаме и освоив злато и сребро и навистина би сакал да играм повторно“, изјави Федерер за јапонските медиуми пред егзибицискиот дуел со Џон Изнер во Токио.
38-годишниот ветеран уште сега размислува за условите за игра кога ќе се врати во Јапонија за помалку од една година.
„Теренот беше одличен. Се надевам дека ќе бид побрз кога ќе биде на отворено и ќе биде потопло бидејќи е лето“, објаснува Федерер.
“I carried the flag twice for Switzerland in Athens and Beijing, I’ve got a gold and a silver, and I would love to play again so I’m very excited.”
Olympic champion @rogerfederer is going after another Olympic medal! @ITF_Tennis https://t.co/fVnTwwAa2E
— Olympic Channel (@olympicchannel) October 14, 2019