Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во Скопје „Macedonian Open 2023“. Поуспешен од него по речиси два часа игра беше хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ со 2:0 во сетови.
„Сакам да и заблагодарам на публиката за поддршката, но едноставно не успеав првиот поен на Челинџер турнир да го освојам во Скопје. Противникот со кој добро се познавам одигра одличен меч, тој е добра форма тоа го покажуваат неговите резултати. Јас имав шанси и брејк топки и во првиот и во вториот сет, но не успеав да ги искористам, што се покажа и како решавачко“, изјави Калин Ивановски по мечот.
За Калин Ивановски на турнирот останува мечот во игра на двојки каде заедно настапува со Берг Бугариќ.
Фото: Игор Паневски