Top Sport

Калин Ивановски експресно се пласира во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари сигурна победа во два сета (6:1, 6:2) против Родриго Пачехо Мендес и се пласира во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон. Со ова тој го повтори успехот од минатата година кога исто така стигна до третото коло на престижниот грен-слем турнир Вимблдон за играчи до 18 години.

Калин Ивановски за само 24 минути го освои првиот сет, а со доминантна игра продолжи и во вториот сет.

Во битката за пласман во четвртфинале, Ивановски ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Едас Бутвилас и Озан Чолак.

Scroll to Top