Top Sport

Калин Ивановски елиминиран од првиот носител во Инсбрук

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е елиминиран во осминафиналето на ИТФ турнирот во Инсбрук, Австрија. Тој загуби убедливо во два сета од првиот носител Валентин Вашеро од Франција. Ивановски освои три гема во оваа пресметка (1:6, 2:6).

За македонскиот тенисер ова беше прв турнир по настапот во четврт-финалето на јуниорскиот Вимблдон. Успеа да го мине првото коло, но Вашеро за него сепак беше преголем залак.

Scroll to Top