Македонскиот тенисер Калин Ивановски уште на стартот го заврши настапот на фјучерс турнирот во австрискиот град Тефлс. Тој во мечот од првото коло загуби од Швајцарецот Никола Парициа со 2-0 во сетови (7:6, 6:3) за безмалку два часа игра.
Ивановски беше трет носител, но не ја оправда таа улога. Тој поведе со 3:0 во гемови н почетокот од дуелот, но Парициа потоа израмни на 3:3: Сетот отиде во тај-брејк, а во него поснаодлив беше швајцарскиот тенисер.
Во вториот сет Ивановски еднаш го загуби својот сервис и тоа беше доволно за ривалот да слави конечен триумф.